Thursday, May 13, 2021
HomeСветБајден: Никогаш нема да ја прифатиме руската анексија на Крим

Бајден: Никогаш нема да ја прифатиме руската анексија на Крим

Американскиот претседател Џо Бајден денеска рече дека неговата земја „никогаш“ нема да ја прифати руската анексија на полуостровот Крим во Украина, во изјавата објавена по повод седмата годишнина од настанот.

„Соединетите држави никогаш нема да ја прифатат наводната анексија на полуостровот и ние ќе бидеме со Украина и против агресивните активности на Русија“, рече Бајден.

“Соединетите држави ќе продолжат да бидат со Украина и со сегашните сојузници и партнери, како што е тоа од почетокот на тој конфликт. На оваа тажна годишнина, ние ја повторуваме чистата вистина: Крим е Украина”, додаде тој.

Во судирот меѓу борците поддржани од Русија и украинските војници загинаа 13.000 луѓе од 2014 година, кога Русија го анектира Крим како нејзината територија и проруските сили во источна Украина се побунија против Киев.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img