Monday, June 21, 2021
HomeЗдравјеФајзер тестира и трета доза од вакцината против ковид-19

Фајзер тестира и трета доза од вакцината против ковид-19

Фармацевтската компанија Фајзер соопшти дека почнала да тестира и трета доза од вакцината против ковид-19 во рамки на стратегијата за заштита од мутираните соеви на коронавирусот.

Здравствените власти наведоа дека првата генерација на вакцините против ковид-19 сè уште штитат против варијантите кои се појавија во различни делови од светот.

Произведувачите, пренесува Ројтерс, почнуваат да се подготвуваат за случај да се појават соеви на вирусот кои се поотпорни на вакцините.

Фајзер соопшти дека во тестирањето на третата доза ќе учествуваат 144 волонтери, за да се утврди дали дополнителната доза дадена шест до 12 месеци по првата доза ќе го зајакне системот за имунитет доволно за да се одбрани од мутиран вирус.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img