Monday, April 12, 2021
HomeСпортГо срушија Рим, но Пиоли тврди: Топ4 е нашиот приоритет!

Го срушија Рим, но Пиоли тврди: Топ4 е нашиот приоритет!

По големата во Рим синоќа, тренерот на Милан истакна дека топ 4, а не титулата, останува нивната главна цел сезонава.

Милан оствари голема, голема победа на гостувањето во Рим кај Рома, победа која им овозможува да го продолжат ловот на Интер на табелата, иако тие се на +4, сепак Милан помина успешно едно незгодно дерби.

„Доколку некој кажеше пред некој месец дека ќе бидеме втори на табелата, никој немаше да верува. Во првенството постојат доста силни седум екипи, а само четири ќе бидат крајно среќни што ќе обезбедат пласман во ЛШ, се надеваме дека ние ќе бидеме една од нив. Сепак, имаме добра сезона, имаме 17 поени повеќе од минатата сезона, но и сме помлада екипа од минатата сезона. Навистина сум задоволен со победата која успеавме да ја оствариме во Рим“, порача Стефано Пиоли.

Интер ова коло оствари лесен триумф против Џенова со 3:0, додека Јувентус се сопна во градот на Љубовта, во Верона, каде одиграа 1:1.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img