Monday, April 12, 2021
HomeАвстралијаСоопштение од Македонскиот Конзулат во Мелбурн за пописот

Соопштение од Македонскиот Конзулат во Мелбурн за пописот

Почитувани членови на македонската заедница во Викторија/Австралија,

Во врска со Пописот 2021 и почетокот на процесот за самопопишување, што за дијаспората се одвива од 1 март до 21 април о.г., во прилог ви доставуваме куса информација, како и Упатство за самопопишување за оваа важна статистичка операција.

Молиме да го дисеминирате меѓу членовите на македонската заедница кои ги познавате во Викторија, како и во другите делови на Австралија. Клучот за спроведување на попишувањето е Единствениот матечен број на граѓанинот – ЕМБГ на лицето кое се попишува.

Податоците поврзани со миграциите, што ќе се соберат со пописот ќе бидат особено корисни при креирање и спроведување на натамошни политики,мерки и активности за соработка со дијаспората и затоа апелираме на ваш што помасовен одзив и самопопишување.

Генералниот конзулат во Мелбурн ви стои на располагање за сита ваши прашања.

Сите Македонци можат да се попишаат на следниот ЛИНК.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img