Monday, April 12, 2021
HomeСпорт(ФОТО) Леброн и Дурант си ги избраа екипите – Дончиќ и Јокиќ...

(ФОТО) Леброн и Дурант си ги избраа екипите – Дончиќ и Јокиќ на иста страна

Капитените на Ол стар екипите ги селектираа кошаркарите кои ќе настапуваат во нивните состави на спектаклот што ќе се одржи в недела во Атланта.

Двата тима делуваа страшно, но Леброн Џејмс имаше поголема доверба во европските играчи, па на своја страна ги избра Адетокумбо, Јокиќ, Дончиќ и Сабонис со тоа што првите тројца се стартери заедно со капитенот и со Стеф Кари. На спротивната страна, кај Дурант кој нема да игра поради повреда, е само Никола Вучевиќ, но тој е меѓу резервите.

Ол стар натпреварот се игра ноќта недела кон понеделник од 2 часот кога ќе бидат одржани и останатите натпреварувања.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img