Wednesday, June 23, 2021
HomeБалканВучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Вучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека земјата набавува и два лека кои помагаат од лечењето од коронавирус.

Лековите ги имале набавено само Германија, Чешка и Унгарија, и според Вучиќ, чинат неколку илјади евра.

„Набавивме лек кој е многу скап, и кој чини неколку илјади евра. Тој се дава на многу тешки случаи. Едниот го имаат набавено само Германија и Чешка, а другиот Германија, Чешка и Унгарија. Само тие земји во Европа. Станува збор за Бамлавинап и Регенерор. Функционира така што успева вирусот го извлече од вашиот организам“, рече Вучиќ.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се пријават за вакцинација, и да не ги слушаат шпекулациите дека вакцините не се ефикасни.

„Ве молам не ги слушајте оние кои велат дека даваме шеќер и вода, или само обична вода. Па коронавирусот не чини неколку милијарди евра. Зарем мислите дека се шегуваме“, вели српскиот претседател.

Едниот лек треба да пристигне кон крајот на април, додека другиот во мај.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img