Sunday, April 11, 2021
HomeСпортФергусон имал само 20 отсто шанса да преживее после мозочниот удар!

Фергусон имал само 20 отсто шанса да преживее после мозочниот удар!

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон имал само 20 отсто шанси да преживее после крварењето во мозокот поради мозочниот удар пред три години, откри докторот кој го лекувал, но великанот на европскиот и светски фудбал успеа да победи во животната битка и да се врати во нормалниот живот.

Фергусон во документарецот за неговиот живот и величенствената кариера во која мина 26 години како менаџер на „црвените ѓаволи“, ги откри моментите кога се случил ударот.

„Се сеќавам само кога паднав и потоа – на ништо не се сеќавам. Беше ненадејно. Едноставно запрев и тоа беше како да сум на ‘ничија земја’“, вели Фергусон.

Неговиот лекар после интервенцијата на брзата помош, кога итно бил хоспитализиран Фергусон, првиот впечаток бил дека шансите да преживее се мали.

„Се сеќавам кога вршев проценка на можноста да умре, во тој момент таа беше 80 отсто. Шансите беа 80 отсто дека нема да преживее после таков удар“, вели лекарот.

Документарецот за сер Алекс ќе биде премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Глазгов, а од 27 мај ќе може да се гледа во кино, а ден потоа ќе оди и на Амазон прајм.

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img