Monday, April 12, 2021
HomeМакедонијаДАЛИ ЗНАЕТЕ: Кога бил направен првиот современ попис во Македонија?

ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Кога бил направен првиот современ попис во Македонија?

На територијата на Македонија првите попишувања се правеле во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население. Постојат руски, француски, грчки и други извори на податоци за попишување на населението во 19 век. Првиот современ попис на оваа територија, според податоците на Државниот завод за статистика, е спроведен во 1921 година.

По Втората светска војна, во земјава се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.

Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата деценија.

Пописот во 1994 година е прв попис во Република Македонија по нејзиното осамостојување.

Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис.

Пописот претставува вкупен процес на прибирање, обработка, оцена и анализа и дисеминација на податоци за населението, домаќинствата и становите во една држава.

Пописот е најобемно статистичко истражување во однос на единиците што се попишуваат и најмасовно во однос на бројот на учесниците што учествуваат во неговото спроведување. Пописот се подготвува неколку години пред неговото спроведување на терен, а податоците се обработуваат подолг временски период по прибирањето од теренот.

Сега во тек е попис на лицата државјани на Македонија кои во овој период живеат/престојуваат во странство. Тие се самопопишуваат/саморегистрираат преку онлајн-апликација достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика, а тоа ќе трае до 21 април 2021 година.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април годинава. Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март 2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 1 април 2021 година. Тој временски пресек, во статистиката, се нарекува „критичен момент на пописот”.

Извор: Факултети

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img