Wednesday, June 23, 2021
HomeБалкан(ВИДЕО) Се превртел бод со туристи во Турција, има и загинати

(ВИДЕО) Се превртел бод со туристи во Турција, има и загинати

Најмалку едно лице настрадало денес кога се превртел брод со околу 30 патници во близина на турскиот медитерански град Аланија, јавуваат државните медиуми.

Агенцијата Анадолија пренесе дека бродот се превртел во близина на пештера која е туристичко одредиште, на околу 100 метри од брегот.

Спасувачките екипи на турската крајбрежна стража пристигнале на местото на несреќата и во тек е спасувачка акција, јавува Анадолија.

Според последните информации, од водата е извадено телото на едно удавено лице.

Како што соопшти претставник од генералниот конзулат на Русија во Анталија, во несреќата загинал руски државјанин.

Причината за превртувањето на бродот е се уште непозната, а на снимките кои ги објави турската телевизија Хабер се гледа дека бродот е свртен бочно во близина на камениот брег.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img