Wednesday, June 23, 2021
HomeБалканОткриени над 11.000 мигранти за девет месеци: Албанија како главна порта за...

Откриени над 11.000 мигранти за девет месеци: Албанија како главна порта за мигрантите кон ЕУ

Албанија се чини станува главната порта за мигранти од Блискиот исток кои транзитираат низ нејзината територија во обид да заминат во некоја од земјите на Европската Унија (ЕУ).

– Во изминатите десет месеци се откриени над 11.000 илегални имигранти, главно државјани на Сирија, на Авганистан и на Мароко, што е за повеќе од 2.000 повеќе споредено со истот период од минатата година во која биле откриени 8.640 илегални мигранти. Само во октомври се откриени 2.500 имигранти, пренесува „Ора њуз“ телевизија.

Според истиот извор, 2.500 од мигрантите поднеле барање за азил, додека „останатите ги напуштиле камповите за да го повторат обидот да заминат во земјите на ЕУ”.

– Покрај зголемувањето на бројот на мигранти, според албанските власти, проблематичен станува трендот на сè поголем број на албански граѓани кои се вклучуваат во трговијата со луѓе. Само во текот на оваа година се уапсени 174 лица кои биле затекнати како превезуваат странски државјани со своите возила. Полицијата уапси и пет сириски и марокански државјани кои соработувале со Албанците за превоз на нивните сонародници, наведува телевизијата.

За разлика од претходно, кога најчесто се обидуваа да го продолжат патот преку Црна Гора, а многу поретко преку Јадранско Море, сега полицијата открила многу случаи со мигранти кои преку Јадранско Море, во мали бродови се транспорираат до Италија за износ од најмалку 2.000 евра по лице.

По копно продолжуваат обидите за влез во Црна Гора, но најбројни се оние за влез во Косово, за што шверцерите ја зголемиле и цената за транспорт од 100 на 500 евра по лице.

Бранот мигранти доби на интензитет од крајот на мај по олеснувањето на мерките воведени поради пандемијата со ковид-19.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img