Thursday, May 13, 2021
HomeМакедонијаНови рестрикции: Од утре полициски час од 20 ч. од среда се...

Нови рестрикции: Од утре полициски час од 20 ч. од среда се затвораат угостителските објекти

Иако, надлежните уверуваа дека третиот бран е на својот крај и нема потреба од нови рестрикции, сепак одлучија за два часа да се зголеми забраната за движење, а од среда се затворат и сите угостителски објекти.

Угостителските објекти ќе бидат затворени на две недели, полицискиот час ќе започнува два часа порано односно од 20 часот до пет часот следното утро.

Покрај ова се затвораат и фитнес центрите и се забранува одржување на конференции и разни обуки, ова се новите рестриктивни мерки кои ги соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Главна причина е зголемувањето на бројот на заразени и починати, како и преоптоварувањето на здравствениот систем кое што, според властите, е најголемо од почетокот на епидемијата од коронавирусот.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img