Thursday, May 13, 2021
HomeПопуларноПутин го потпиша законот – може уште два пати да биде избран...

Путин го потпиша законот – може уште два пати да биде избран за претседател

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска потпиша закон според кој му се овозможува уште два пати да биде избран за претседател, во склад со минатогодишните уставни промени, кои лично тој ги иницираше.

Според Закон за избор на претседател на Руската Федерација, на изборите не може да учестува државјанин кој на тоа место веќе бил два мандати, како ни оној кој на денот на распишување на изборите го служи вториот мандат.

Сепак, тој закон не се однесува на Путин, бидејќи содржи и одредба според која мандатите не вклучуваат уставни измени во оваа пресметка.

Со овој закон всушност се поништени неговите досегашни претседателски мандати.

Путин за претседател е избран во 2000, 2004, 2012 и 2018 година, а сега може да учествува и на изборите во 2024 и 2030 година.

Кога од 2008 до 2012 година на челото шеф на државата формално бил Дмитриј Медведев, на негов предлог претседателскиот мандат е продолжен од четири на шест години.

На Медведев таа одредба не била применета и тој преминал на местото премиер.

Кога Путин ја соопштил оваа идеја за да спроведе уставни промени, Медведев поднел оставка.

Ако Путин се кандидира 2024 и 2030 години и биде избран, тоа би значело дека ќе владее до 2036 година.

Тој во моментов има неполни 69 години, а ако биде претседател во 2036 година тој би имал 84 години.

Претседателот на Русија претходно неколку пати повтори дека нема да го смени Уставот само за да остане на власт.

Законот кој денес е потпишан воведува и неколку нови услови за идните претседателски кандидати – за ова место може да биде избран државјанин на Руската Федерација кој не е помлад од 35 години и кој во Русија живее постојано, не помалку од 25 години.

Условот е да нема, и никогаш да немал, државјанство од друга држава, но ни живеалиште, а ни право на живеалиште во друга земја.

Оваа одредба не се однесува на „државјаните на Русија кои порано имале државјанство на друга земја која во меѓувреме станала дел од Руската Федерација“.

Оваа одредба остава теоретска можност жителите на полуостровот Крим, кој беше анексиран од Русија во 2014 година, да учествуваат на претседателските избори.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img