Thursday, May 13, 2021
HomeМакедонијаНа Клиниката во Ниш почина пулмологот Ангелко Ѓорчев

На Клиниката во Ниш почина пулмологот Ангелко Ѓорчев

На Клиниката во Ниш денеска почина македонскиот пулмолог Ангелко Ѓорчев (72), кој пред десетина дена падна во кома откако прими вакцина против ковид. Доктор Анѓелко Ѓорчев е татко на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир (Влатко) Ѓорчев.

Пред десетина дена на д-р Ѓорчев му се слоши откако ја примил вакцината против ковид во Ниш, а откако бил префрлен на Клиниката паднал во коматозна состојба. Семејството се надеваше дека неговата здравствена состојба ќе се подобри.

Директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ, тогаш изјави дека состојбата на 72-годишниот пулмолог Ангелко Ѓорчев од Скопје не е поврзана со примената вакцина против ковид.

Д-р Ѓорчев има дипломирано и специјализирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа станал и асистент по Интерна медицина. Тој докторирал на тема бронхијална астма и беше врвен специјалист во неговата област.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img