Thursday, May 13, 2021
HomeМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Овчарот Божиновски сега ќе беше жив ако имаше хеликоптер

ВМРО-ДПМНЕ: Овчарот Божиновски сега ќе беше жив ако имаше хеликоптер

Институциите и функционерите целосно незаинтересирани си ја префрлаат вината, одговорност за нив не постои. И за смртта на овчарот Божиновски на крајот виновни ќе бидат службеници во институциите, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава ќе биде амнестирана, обвини партијата на Христијан Мицкоски.

За овчарот Златко Божиновски немаше амбулантно возило за да му се спаси живот, но за забава на Зоран Заев и Венко Филипче имаше хеликоптер?! Доколку имаше хеликоптер и Божиновски на време ќе беше пренесен во здравствена установа и наверојатно ќе беше жив, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Институциите и функционерите целосно незаинтересирани си ја префрлаат вината, одговорност за нив не постои. И за смртта на овчарот Божиновски на крајот виновни ќе бидат службеници во институциите, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава ќе биде амнестирана. 4.100 жртви од коронавирусот одат на совеста на Заев и Филипче. Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека дека треба да заминат од функциите по што ќе одговараат? Крвави се нивните раце и треба да одговараат за смртта и погромот во Македонија. Забеганоста на Заев, Филипче, како и таа на Николовски кој среде пандемија замина на одмор во Дубаи, а Рашкоски во Мексико треба и ќе биде казнета. Мафија е кога во државата за рекет, за легални пасоши со лажен идентитет на нарко – босови одговораат службеници, а не главните криминалци сместени во политички фотелји. Мафијата мора да се соочи со одговорност. Само така граѓаните ќе се спасат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img