Thursday, May 13, 2021
HomeСветДоктор сведочеше за смртта на Џорџ Флојд: „Тој починал поради недостаток од...

Доктор сведочеше за смртта на Џорџ Флојд: „Тој починал поради недостаток од кислород при апсењето“

Лекар кој сведочеше на судењето на поранешниот американски полицаец обвинет за убиството на Џорџ Флојд потврди дека починал од недостаток на кислород.

Би-Би-Си јавува дека сведокот, докторот Мартин Тобин, ги побил обвинувањата на одбраната и рекол дека лекот „фентанил“ не ја предизвикал смртта на Флојд и дека дури и здраво лице ќе умре како резултат на ваквата полициска акција.

Друг лекар, експерт за судска медицина, Бил Смок, рече дека „фенатилот“ може да го забави дишењето, но дека Флојд очајно се борел за воздух, што не е случај со задушување кај овој лек, бидејќи луѓето кои се предозираат често не се ни свесни дека им недостасува кислород и делуваат поспано, што не е случај со Флојд врз основа на снимката што постои, според Би-Би-Си.

Адвокатите на одбраната тврдат дека 46-годишниот Флојд починал од предозирање и поради лошото здравје.

Џорџ Флојд почина во бруталната полициска интервенција на 25 мај. Снимките на белиот полицаец кој клечи врз вратот на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој потоа почина, предизвикаа протести против расизмот ширум светот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img