Thursday, May 13, 2021
HomeАвстралијаЖАЛНА ВЕСТ: Во Мелбурн почина Гоце Груевски

ЖАЛНА ВЕСТ: Во Мелбурн почина Гоце Груевски

Денес изутрина во 10:30 часот престана да чука срцето на Македонската фудбалска легенда, Прилепчанецот, Гоце Груевски.

Гоце засекогаш ќе остане запаметен по неговата страст кон фудбалот, неговите пријатели и репутацијата како играч и како тренер, вклучувајќи ја и репрезентацијата на неговата родна земја Македонија.

Откако го претстави Македонскиот клуб од Мелбурн Престон Македонија како играч во средината на 2000-тите, Гоце подоцна му се придружи на клубот како голмански тренер и беше дел од тимот во шампионската 2019 година.

Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски успеси кои му овозможија и излез на меѓународна сцена. Гоце го чуваше голот на Победа покрај во домашните натпреварувања од 1997 до 2000 година и во настапите во Купот на УЕФА против Одра и Интертото купот против Озета Дукла Тренчин и на антологискиот двомеч со италијанската Перуџа.

Со своите одбрани во дресот на Победа го заслужи и дресот на македонската фудбалска репрезентација кој го носеше 8 пати( 3 меча во квалификациите за СП во Јапонија и Ј.Кореја 2002 и на 5 пријателски натпревари во 2000 и 2001 година).

Потврда дека стануваше збор за еден од најдобрите голмани во тој период кај нас е фактот дека Гоце Груевски го чуваше голот на нашите најдобри клубови:Победа, Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Македонија ЃП и Беласица. Од 2006 година заминува за Австралија каде 14 години беше најпрво голман а последниве години тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн, Престон Македонија

Гоце бил одличен лик во клубот, пријател, соиграч, учител на многу голмани на кои тој со цело срце им помагал, човек чие познавање на фудбалот било беспрекорно.

Тоа е многу тажен ден за Македонската заедница во Австралија и во родната Македонија, му изразуваме сочувство на семејството на Гоце тука и во родната Македонија, неговата сопруга Даниела и синот Евгениј.

Бог да го прости, вечна му слава.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img