Thursday, May 13, 2021
HomeПопуларноИсториски успех од големи размери: НАСА успеа да создаде кислород на Марс!

Историски успех од големи размери: НАСА успеа да создаде кислород на Марс!

Со роверот „Perseverance“ на 18 февруари на планетата Маарс пристигна и The Mars Oxygen In-Situ Resource Utilization Experiment (MOXIE) или проект за искористување на природните ресурси на кислород

Експериментот на НАСА на Марс ја претвори ретката и токсична атмосфера на Црвената планета во кислород.

Атмосферата на Марс главно е составена од јаглерод диоксид. Тој е сто пати поредок од атмосферата на Земјата, па дури и да има ист состав како и воздухот на Земјата, луѓето не би можеле да преживеат со дишење.
Тоа е историски успех затоа што ако некогаш испратиме астронаути на Марс, тие ќе мора да понесат кислород со себе, пишува New Scientist.

НАСА проценува дека ќе бидат потребни околу 25 тони кислород за да ги вратат четирите астронаути дома од Марс. Исклучително е скапо да се транспортира што било на Марс, а ракетите имаат ограничен капацитет и се пресметува секој грам.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img