Thursday, May 13, 2021
HomeАвстралијаАвстралијанец тврди дека е син на принцот Чарлс и на Камила, му...

Австралијанец тврди дека е син на принцот Чарлс и на Камила, му веруваат на социјалните мрежи

Австралијанецот Симон Доранте-Деј со години се обидува да докаже дека е син на принцот Чарлс и Камила Паркер-Боулс, а сега на својот Фејсбук профил објавил нова фотографија на која се обидува да укаже на сличноста во изгледот.

Се верува дека 55-годишниот е роден во Велика Британија и бил зачнат кога Чарлс имал само 17 години, а Камила имала 18 години. Доранте-Деј е роден во април 1966 година, а подоцна бил посвоен од семејство во Портсмут, кое имало врски со кралицата.

„Баба ми, која работеше за Кралицата, многу пати ми рече дека сум син на Чарлс и Камила“, рече тој за 7NEWS.

Иако Чарлс и Камила никогаш не одговориле на неговите тврдења, тој и неговата сопруга, д-р. Елвиана Доранте-Деј не се откажуваат од обидот да го утврди своето потекло.

Тие објавија фотографија од нивниот 20-годишен син Лиам на Фејсбук и ја споредија со фотографија од кралицата, а некои коментатори велат дека сличноста е неверојатна.

“Бевме изненадени од она што го видовме. Со сопругата Елви и гледаме многу сличности помеѓу членовите на кралското семејство и нашите деца, но ова ми ги отвори очите”, рече тој.

„Многу луѓе реагираат на тоа затоа што е тешко да се одрече сличноста“, заклучил тој.

Бројни коментатори се согласуваат со него.

“Да, ја видовме сличноста на Лиам и Елизабета на фотографијата што ја споделивте денес и помислив: Леле! Има премногу сличности за да биде случајност”, напишал еден коментатор.

„Сличноста е неверојатна“, се согласил друг

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img