Thursday, May 13, 2021
HomeАвстралијаСоопштение од Македонскиот Конзулат во Мелбурн

Соопштение од Македонскиот Конзулат во Мелбурн

Почитувани членови на македонската заедница во Викторија,

Споделуваме со вас неколку корисни информации и линкови:

1)   Во врска со одложениот попис за септември 2021 година информираме дека дијаспората ќе може да продолжи да се самопопишува до 30 септември 2021 година и дека досегашните реализирани самопопишувања остануваат валидни.

За подетално информирање, повелетe линк од измените на законот за попис.

 https://dejure.mk/zakon-izmena/zakon-za-izmenuvanje-i-dopolnuvanje-na-zakonot-za-popis-na-naselenieto-domakjinstvata-i-stanovite-vo-republika-severna-makedonija-2021-godina

2)   Почнувајќи од 16 април о.г. на веб страната на МНР е поставен линк (https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1771/kolku-ste-zadovolni-od-konzularnite-uslugi )со кој, преку прашалник и директен телефонски број, нашите граѓани ќе можат да ги споделат своите искуства при барање одредена конзуларна услуга и контакт со ДКП-то.

3)   Почнувајќи од 20 април, на веб страната на МНР е поставен линк со прашалник за дијаспората https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1772/anketa-dijaspora

Целта на прашалникот е преку одговори, поврзани со професијата, да се обезбеди поголема инклузивност и да се добие соодветен инпут за тоа како може да се подобри односот на нашата држава кон дијаспората и како дијаспората и секој нејзин претставник може, преку своите специфични знаења и вештини, да даде придонес во креирањето на внатрешните политики на земјава.

Генералниот конзулат во Мелбурн стои на ваше располагање за сите прашања.

Срдечен поздрав,

Сања Зографска-Крстеска

Генерален конзул

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img