Thursday, May 13, 2021
HomeМакедонијаПротест за слобода на осудените за упадот во Собранието

Протест за слобода на осудените за упадот во Собранието

Со патриотски песни и скандирајќи Слобода за уставобранителите, демонстрантите на денешниот протест организиран од дијаспората, поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, побараа правда за осудените во крвавиот четврток во Собранието.

Граѓани протестираат во знак на поддршка за осудените за настаните на 27 април 2017 година кои според нив се уставобранители и се неправедно осудени.

Клучното барање на протестот е Врховниот суд да го поништи судењето и да има ново – со образложение дека обвиненијата за тероризам на осудените се политички монтирани и дека всушност имало лажни сведоци. Покрај ова, побараа и предвремени парламентарни избори.

Меѓу толпата беше и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, иако од партијата тврдат дека тие не се директни организатори на протестот. Освен од ВМРО-ДПМНЕ, демонстрантите добија поддршка и од неколку други опозициски партии меѓу кои и Левица, Интегра, Единствена Македонија, ТМОРО…

СДСМ излезе со остра реакција и осуда за протестот- како велат ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на местото на злосторот и застанува во одбрана на насилството.

За упадот во Собранието во 2017 година, 15 лица беа прогласени за виновни за терористичко загрозување на уставниот поредок, а едно лице за терористичко загрозување на безбедноста.

Пред четири години на 27 Април познат како крвавиот четврток, демонстранти упаднаа во Собранието каде беа повредени пратеници и новинари, а за овој чин беа осудени на затворски казни во висина од вкупно 211 години. Едниствено оперскиот пејач Игор Дурловски доби ослободителна пресуда, кој денеска ја изведуваше химната на протестот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img