Thursday, May 13, 2021
HomeМакедонијаИнтерпелација за Џафери од ВМРО-ДПМНЕ – Џафери: Не работам по ќеифот на...

Интерпелација за Џафери од ВМРО-ДПМНЕ – Џафери: Не работам по ќеифот на партиите, ја чекам интерпелацијата

Повторно кавга меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и претседателот на Собранието Талат Џафери на седницата за интерпелација на министерот Спасовски. Мицевски реагираше – зошто шефот на парламентот не им ја прифатил листата на говорници, за која како што рекоа задоцниле само два часа од предвидениот рок.

„Продолжете да си глумите театар, но народот, јавноста и сите релевантни институции ќе го осудат овој начин на однесување. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде овде за да ви биде параван на вашето авторитарно  однесување. Затоа нека ви е со среќа интерпелацијата“, истакна Никола Мицевски.

По ова пратениците си заминаа од салата, а Џафери им порача – сами сте си виновни.

„Основен кривец сте самите кои што не го почитувате Деловникот и навреме не поднесовте список. Јас со задоволство ќе ја пречекам и ќе ја дочекам вашата интерпелација на извршување на мојата функција претседател на Собранието. Затоа што јас сум претседател на Собранието и овде не работам по ќеифот на политичките партии“, посочи Талат Џафери.

Бегството на Груевски и Мијалков не може да се случи без логистичка поддршка од МВР, обвинија од Алијанса и Алтернатива во образложението на интерпелацијата на Спасовски и затоа бараат одговорност од него.

Според Спасовски интерпелацијата е многу чудна, бидејќи како што вели, поднесена е за успех, а не поради неуспех. На оваа интерпелација дојдов сосема смирен, рече тој.

„Истиот тој Мијалков, на кој што се плашевте сите вие од опозицијата името да му го споменете со години наназад сега гледам дека само се зголемува бројот на години кои што треба да ги одлежи во затвор и за тоа треба да бидеме спокојни сите ние заедно. За тоа се боревме, да покажеме дека секој еден кој што пљачкал, крадел од сопствениот народ ќе мора да носи одговорност“, вели Оливер Спасовски.

Во листата на говорници беа пријавени 9-мина пратеници од Алијанса Алтернатива, додека од власта се откажаа поради тоа што, како што рекоа, за нив оваа интерпелација на Спасовски е беспредметна.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img