Thursday, May 13, 2021
HomeМакедонијаНовиот македонски селектор: Сакам крв во очите на играчите!

Новиот македонски селектор: Сакам крв во очите на играчите!

Игокеа не успеа да го победи Морнар во последниот натпревар од основниот дел на АБА лигата и го освои четвртото место кое за противник во полуфиналето и го носи најголемиот фаворит за титулата – Црвена Звезда.

Самиот пласман во разигрувањето за титулата е голем успех имајќи предвид дека лани екипата се бореше за опстанок во регионалното натпреварување. Оваа натпреварувачка кампања, во одредени периоди, тимот беше и лидер на табелата, па оптимистички влегува во плеј-офот. По синоќешниот натпревар против Морнар, тренерот Драган Бајиќ кој од пред десетина дена е и македонски селектор, ги пофали играчите и побара од нив да изгинат во полуфиналето.

„Најголеми заслуги за овој резултат имаат кошаркарите, тие се херои, вистински карактери и не погрешив во ниеден момент кога е во прашање селекцијата на тимот. Во соблекувалната им реков дека сега ни претстои најважното – плеј-офот од АБА лигата и домашното првенство.

Добро трениравме пред Морнар. Сакам крв во нивните очи, Звезда ни е противник во полуфиналето и имаме доволно време да се одмориме и да се подготвиме“, рече, меѓу другото, Бајиќ.

Плеј-офот во АБА лигата почнува на 3 мај, поради што Игокеа ги одложи натпреварите од домашното првенство.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img