Thursday, May 13, 2021
HomeСпортШведскиот милијардер не се откажува, решен е да го купи Арсенал

Шведскиот милијардер не се откажува, решен е да го купи Арсенал

Основачот и извршниот директор на музичката платформа „Спотифај“, Швеѓанецот Даниел Ек, изјави дека е сериозен во намерата да го преземе сопствеништвото над Арсенал.

„Навистина сум сериозен. Собрав средства за ова. Сакам на сегашните сопственици на клубот да им претставам интересна понуда и се надевам дека ќе ме сослушаат“, изјави Ек во интервју за американската телевизија „ЦНБЦ“.

Сопствениците на Арсенал, Стен и Џош Кронке, вчера соопштија дека „100 проценти се посветени на клубот“ и дека нема да го продаваат.

„Не сме добиле ниту една понуда и нема да се занимаваме со тоа“, соопштија сопствениците на клубот.

Ек истакна дека не очекувал целата работа да се заврши веднаш, осврнувајќи се на изјавата на сопствениците на Арсенал дека немаат намера да го продадат клубот или било каков удел во него.

„Се подготвив за идејата дека тоа може да биде еден долг пат“, изјави Ек.

Арсенал во моментов е 10-ти на табелата во Премиер лигата, а сезоната би можел да ја заврши на најлошата позиција уште од сезоната 1994/95 кога заврши на 12-тото место.

Лондонскиот тим 13 пати бил шампион на Англија, а последната титула ја освои во 2004 година. До крајот на оваа сезона ќе игра во полуфиналето на Лигата на Европа против Виљареал. Со евентуалното освојување на титулата во Лигата на Европа, Арсенал следната сезона би го осигурал настапот во Лигата на шампионите.

На лошите спортски резултати на клубот се приклучи и контроверзната идеја за покренување на Европската Суперлига. Арсенал беше еден од 12-те основачи на Суперлигата, заедно со уште пет англиски клубови.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img