Thursday, May 13, 2021
HomeБалканПравната комисија во бугарскиот Парламент ги затвора специјалниот суд и обвинителството

Правната комисија во бугарскиот Парламент ги затвора специјалниот суд и обвинителството

Правната комисија во бугарскиот Парламент на прво читање го одобри предлогот на „Демократска Бугарија” за затворање на специјалните обвинителства и судови, јави дописникот на МИА од Софија.

Измената предвидува судиите и обвинителите да бидат прераспоредени во други обвинителства и судови, а предметите кои се започнати да продолжат пред соодветните судски инстанци, кои се надлежни да ги разгледуваат и доколку е можно, во истиот судски состав.

Пратениците од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов се изјаснија против измените за време на седницата, откако дебатираа речиси сите членови на комисијата. Партиите „Има таков народ”, БСП и „Стани!” Излези!” го поддржаа предлогот.

Друга важна точка во одобрениот предлог е дека се очекува да биде отфрлена позицијата специјален обвинител, создадена непосредно пред парламентарните избори во Бугарија и на кого му беше дадено овластување да испитува криминали извршени од јавниот обвинител или неговите заменици.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img