Thursday, May 19, 2022
HomeПопуларноТрамп ги обвини демократите дека му ја крадат убедливата и лесна победа

Трамп ги обвини демократите дека му ја крадат убедливата и лесна победа

Американскиот републикански претедател Донал Трамп ноќта кон петокот по македонско време одржа прес-конференција во Белата куќа во која изнесе низа примери за тоа како демократите се обудваат да му ја украд убедливата и лесна победа преку „курупциската машина“ и порача дека сака чесни избори.

„Доколку ги броите само легалните гласови, јас лесно победив“, рече Трамп опкружен со новинарите кои потоа немаа можност да поставуваат прашања зашто претседателот се повлече.

„Нашата цел е да го заштитиме интегриретот на изборите и нема да дозволиме да ги украдат. Нема да дозволиме да сезамолчуваат нашите гласачи“, релд Трамп појаснувајќи го поднесувањето на барањата на неговиот изборен штаб и на Републиканската партија да е прекине броењето на гласовите или да се пребројат.

Трамп остана упорен во оцената дека броењето на гласовите преку пошта, при што на републиканските набљудувачи на многу места не им бил дозволен пристапот, започнало со корупции и измами по што почна да го губи водството како што покажуваа првичните извештаи по почетокот на сумирањето на резултатите.

„Нашите бројки чудесно и мистериозно исчезнуваа“, рече Трамп.

Наведувајќи низа неправилности и обвинениеја, Трамп рече дека некои градови се „безбадежно корумпирани“ и дека избирачките одбори тами добиле упатствата да ги крадат гласовите и да ги „бројота оние илегалните“.

Мноштво нелегални гласови на сметка на неговата демократска противкандитка од 2016 година Хилари Клинтон беа откриени при повторното пребројување на гласовите во некои сојузни држави.

Трамп ги повтори обвинувањата деак „големите медиуми, големите пари и големата технологија“ се во заговор со демократите против него, што не е далеку од вистината кога ќе се земат предвид отворените изјави на сопствениците и уредниците на водечките медиуми и компании против републиканскиот кандидат во предизборието, како и пред четири години.

Американскиот претседател повтори дека на неговите набљудувачи беосновано им бил забране пристапот до пребројвуањето на гласовите.

„Нема никаква законска причина да не им се дозволува да го надгледуваат (пребројувањето)“, рече Трамп додавајќи дека „корупцијата измамата“ продолжиле и во текот на броењето на гласовите.

Оцени дека имало многу изборни нерегуларности низ целата земја. „Имаше голем број вознемирувачки нарушувања на изборниот процес ширум земјата“, рече Трамп.

Особено истакна дека на набљудувачите од Републиканската партија не им бил овозможен пристапот до избирачките и местата каде што се броеле гласовите во решавачките сојузни држави кои сега станаа спорни,

„Не разбирам зошто демократите не сакат да го набљудуваме пребројувањето во Пенсилванија“, рече Трамп,

Адвокатот на републиканскиот претседател Рудолф Џулијани уште во средата  на прес-конференција рече дека на републиканските набљудувачи во Пенсилванија воопшто не им е дозволено да ги видат дописните гласови.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img