Горан Пандев не престанува да ги воодушевува фудбалските фанови, и не само во Македонија, туку и пошироко. Најдобриот фудбалер во историјата на мак – фудбалот од ден на ден е се повеќе присутен во медиумите, посебно оние од овие простори кои со голем пиетет говорат за Македонецот.

Денеска хрватскиот портал “Индекс“ излезе со супер сторија за нашата фудбалска икона, во која се говори за тоа како Пандев пред 20 години заминал од Македонија со трансфер во Интер за само 25.000 евра, иако јасно е дека тој трансфер беше многу поголем, па се до тоа дека Македонија него може само уште да го прогласи за КРАЛ.

Целиот текст е во суперлативи за Македонецот, не се заборава неговата играчка кариера, едноставно прекрасна презентација на ГРАНДЕ. Секако дека не се заборава да се каже дека тој е едне од најдобрите фудбалери во свое време на овие балкански простори.

Текстот на “Индекс“ може да го прочитате ТУКА.