Thursday, May 13, 2021
HomeМакедонијаИсплатени околу 412 милиони денари субвенции за земјоделците

Исплатени околу 412 милиони денари субвенции за земјоделците

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 412 милиона денари субвенции на 9.738 субјекти. Станува збор за исплата на субвенции за одржување овошни насади и за мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.

Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека средства од денешната исплата има на сметките на сите кои поднеле барања за финансиска поддршка од Програмата финансиска поддршка во земјоделството“ за 2020 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.

-Право на користење на поддршката за овошни насади имаат производителите на сливи, круши, јаболка, праски, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, бадеми, лешници, рибизли, гоџи бери, аронија. Корисници на мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години се сите земјоделски стопанства кои земале финансиска поддршка во 2017, 2018, 2019 година и истите не биле корисници на останати подмерки, вели Бачовски.

Според него, средствата за кои земјоделците уредно аплицирале и ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка тековно ќе се исплаќаат, а Агенцијата за тоа како и досега ќе ја информира јавноста

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img