Thursday, May 13, 2021
HomeАвстралија(ВИДЕО) Велики Петок во Македонскиот Православен Храм „Успение на Пресвета Богородица“ -...

(ВИДЕО) Велики Петок во Македонскиот Православен Храм „Успение на Пресвета Богородица“ – Мелбурн 2021

Христијаните денес го одбележуваат Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос.

Велики петок се смета за најтажен ден на христијанството, бидејќи на тој ден Исус Христос беше осуден и распнат на Голгота.

На овој ден, римскиот прокуратор Понтиј Пилат го осудил Исус Христос да биде распнат на крст. На тој ден, Исус бил однесен од куќата на првосвештеникот Кајафа и распнат на Голгота, каде што починал. Додека ги гледаше што прават војниците и луѓето со неговиот живот, тој рече само кратко: „Прости им на Боже, бидејќи не знаат што прават”.

Велики петок затоа се смета за најтажен ден на христијанството. Не се служи литургија, се пости, се јаде само сув леб и се пие вода. Во некои краеви има верување дека на овој ден луѓето не јадат коприви и риба. Секој голем Христијанин ќе го почитува овој голем празник со пост и молитва.

Денес во Македонските Православни Цркви во Австралија се одржаа вечерни богослужби по повод распнувањето на Исус Христос или познато во народот, Велики Петок.

Така беше и во Македонскиот Православен Храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн каде се одржа вечерна Богослужба на која Чиноначалствуваше Протоереј-Стафрофор Ефтим Бетински.

Погледнете го видеото од настанот:

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img