Thursday, May 13, 2021
HomeПопуларноЕвропската економија повторно е во рецесија

Европската економија повторно е во рецесија

Европската економија повторно е во рецесија на почетокот на новата година во услови на уште една серија блокади што оставија многу деловни активности затворени, a луѓето не беа во можност да трошат.

Во првиот квартал, сезонски прилагодениот бруто домашен производ (БДП) на еврозоната се намали за 0,6% и на Европската унија како целина за 0,4% во споредба со претходниот период. Ова го покажуваат првичните податоци на Евростат, објавени денеска.

Ова е втор последователен квартал на пад, откако на крајот на 2020-та година економијата на валутниот блок објави контракција од 0,7%, а ЕУ од 0,5%.

Податоците за Унијата, како и одделно за нејзините најголеми економии, покажуваат колку е далеку Европа да се опорави од пандемијата среде побавната дистрибуција на вакцините.

За споредба, растот на американската економија се забрзува во првите три месеци од годинава. БДП-то се прошири за 6,4% на годишно ниво по понискиот раст од 4,3% во четвртиот квартал од минатата година, според првичните податоци на Министерството за трговија во четвртокот.

Програмата за закрепнување на ЕУ треба да даде силен поттик за движењето нагоре, но не се очекува нејзините средства да ги поттикнат економиите пред летото. Европската комисија прво мора да ги одобри индивидуалните планови за закрепнување, а некои членки допрва треба да го ратификуваат механизмот.

Контракцијата на европската економија во првиот квартал исто така ги поддржува очекувањата дека нема да се опорави на нивоата пред пандемија барем до средината на 2022-ра година – скоро една година по Соединетите држави.

И додека забрзувањето на кампањата за имунизација на Стариот континент олабавување на мерките за ограничување на многу места, главниот економист во Европската централна банка, Филип Лејн, предупреди дека враќањето не значи целосно закрепнување. Инфлациските притисоци се сѐ уште прениски, така што стимулациите ќе останат потребни уште некое време.

Во април, годишната инфлација во еврозоната се очекува да биде 1,6% – забрзување од 1,3% во март, според првичните проценки на Евростат. Енергијата се очекува да има најбрзо темпо – 10,3% во споредба со 4,3% во март.

Основната инфлација, која исклучува некои нестабилни компоненти, забавува на 0,8%.

За одделни земји, податоците за најголемата европска економија, Германија, не се оптимистички. Бруто домашниот производ на земјата се намали за 1,7% на квартална основа на почетокот на годината, што е повеќе од предвидениот пад од 1,5%. Германската економија се врати во контракција по два квартали од растот среде новите блокади поради коронавирусот.

Италија е исто така повторно во рецесија, со пад на БДП-то од 0,4% во првиот квартал, по ревидираната надолна контракција од 1,8% во претходниот период.

Владата во Рим се надева на закрепнување на програмата за фискални стимуланси. Премиерот Марио Драги ги објави плановите на Владата да потроши 260 милијарди евра на национални и европски фондови за заживување на економијата.

Шпанскиот БДП, исто така, забележа намалување од 0,5% на квартална основа, откако економијата успеа да остане непроменета на крајот на 2020-та година.

Раст е забележан во Франција, каде БДП-то се зголеми за 0,4% на квартална основа во трите месеци до крајот на март, лесно надминувајќи ги очекувањата за 0,1%. Ова претставува опипливо закрепнување од контракцијата од 1,4% во четвртиот квартал од годината.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img