Thursday, May 13, 2021
HomeАвстралијаЕкс-репрезентативецот Георгиевски е нов играч на Мелбурн Сити

Екс-репрезентативецот Георгиевски е нов играч на Мелбурн Сити

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Даниел Георгиевски, денеска потврди дека ја завршува соработката со својот досегашен клуб Вестерн Сиднеј Вондерерс и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Мелбурн Сити.

Двете страни ја потврдија соработката, што значи дека 33-годишниот бек продолжува во составот кој се наоѓа на лидерското место во А-лигата на Австралија по 18 одиграни натпревари.

Георгиевски оди во Мелбурн Сити како замена за повредениот бек Натаниел Аткинсон. Георгиевски има 128 настапи во А-лигата и се приклучува во Мелбурн Сити со краткорочен договор.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img