Thursday, May 13, 2021
HomeМакедонијаВласта лута на поглаварот на МПЦ-ОА, го уривал Преспанскиот договор

Власта лута на поглаварот на МПЦ-ОА, го уривал Преспанскиот договор

Високи членови на СДСМ во Владата се лути на поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот Стефан затоа што не сака да го тргне од своите простории знамето со ѕвездата од Кутлеш и со тоа го уривал Преспанскиот договор.

Со тоа поглаварот, според изворите во Владата, правел сериозни проблеми за премиерот Заев кој на Грција ќе треба да и објаснува зошто првиот човек на МПЦ-ОА инсистира во секоја јавна прилика да го промовира 16-кракото сонце од Кутлеш кое во Македонија е практично забрането со Преспанскиот договор.

Заев пред грчките партнери уверувал дека владата ќе направи напор да го тргне овој симбол дури и од институции и организации за кои нема ингеренции а велел дека поглаварот Стефан е негов личен пријател кој може да биде убеден да не го покажува знамето од Кутлеш.

Знамето со сонцето од Кутлеш, во Грција познато како сонце од Вергина заедно со знамето на МПЦ-ОА и државното знаме е поставено на официјални средби што ги има поглаварот Стефан.

Сонцето од Кутлеш е присутно во многу храмови на МПЦ-ОА кои се изградени во последните десетина векови и се смета за неофицијален симбол на македонската црква.

Според договорот од Преспа што го потпиша Никола Димитров сонцето од Кутлеш треба да биде избришано од сите ентитети кои имаат врска со државата.

Во еден период власта на СДСМ се обиде да го брише и од канализациски шахти но се откажа откако увиде дека тоа е лудо, невозможно и политички штетно.

Владата на СДСМ е свесна за моќта на архиепископот и не сака да влегува во директна битка со него ниту официјално може да бара МПЦ-ОА да го тргне знамето од Кутлеш но се надева дека поглаварот Стефан самиот ќе разбере каква штета прави за односите со Грција и барем на јавни настани ќе престане да го користи симболот за кој државниот врв целосното право на користење му го даде на јужниот сосед.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img