Thursday, May 13, 2021
HomeАвстралија(ВИДЕО) Велигденска Богослужба во Мелбурн, Австралија 2021

(ВИДЕО) Велигденска Богослужба во Мелбурн, Австралија 2021

Воскресението на Исус Христос е клучен настан, врз кој е изградена главнината на христијанската религија, обичаи и доктрина. Според Новиот завет, Исус воскреснал од мртвите на третиот ден по смртта. Имено, откако починал како последица на распнувањето на крст, бил погребан во една пештера, но неговите следбеници го нашле гробот празен третиот ден по закопот, а потоа им се укажал на многу луѓе во периодот од 40 дена по смртта, пред да се врати на небото.

Според евангелието, Исус воскреснал од мртвите третиот ден по распнувањето на крстот. Од смртта до воскресе нието поминале точно 33 часа. Во евангелието на Матеј се вели дека над Исусовата гробница се појавил ангел. Гробницата прва била посетена од страна на Марија Магдалена, која ја затекнала празна. Според Лука, имало два ангела, а според Марко пак, млад човек облечен во бело. Според евангелието на Марко, на денот на своето воскресение Исус најпрвин се јавил на Марија Магдалена. Според Јован пак, кога Марија Магдалена погледнала во празната гробница, еден од двата ангела ја запрашал зошто плаче, а кога таа се завртела кон нив, го препознала Исус кој го изговорил нејзиното име.

Македонските Православни Храмови во Австралија беа преполни со верници оваа вечер каде се прославуваше Христовото Воскресение.

Во Македонскиот Православен Храм „Успение на Пресвета Богородица“ верскиот Чин го следеа голем број на верници каде се упатија заедно со Свештеникот Протоереј-Ставрофор Ефтим Бетински три пати околу црквата.

Следеше читање на Велигденското послание од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и од членовите на Светиот Архиерејски Синод и на крајот Свештеникот Протоереј-Ставрофор Ефтим Бетински го поздрави верниците со Христијанскиот поздрав Христос Воскресна – Навистина Воскресна.

Погледнете го видеото:

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img