Thursday, May 13, 2021
HomeСпортЗошто Гвардиола е најдобар во историјата? Бројките што ги оствари во Сити...

Зошто Гвардиола е најдобар во историјата? Бројките што ги оствари во Сити се неверојатни

Во својата петта сезона во Премиер лигата, Пеп Гвардиола е на прагот на третата титула, вкупно деветта во неговата 12. сезона од почетокот на неговата кариера, сметајќи ги и Барселона и Баерн.

На низата рекорди што ги собори во меѓувреме, како освоените бодови во една сезона, разликата во однос на конкурентите итн., од денеска додаде уште еден. На 288 натпревари откако е менаџер на Манчестер Сити, сметајќи ги сите натпреварувања, овој тим постигнал 700 гола, нешто невидено во англискиот фудбал во период од неполни пет сезони.

За споредба, во истиот период Ливерпул постигна 543, Тотенхем 532, Арсенал 522, Челси 515, а Манчестер Јунајтед 510 гола.

Од доаѓањето во Сити, Гвардиола освои четири трофеи по ред во Лига купот, на прагот е на третата титула во Премиер лигата, а исто така има големи шанси да го оствари најголемиот успех во историјата на клубот – пласманот во финалето од Лигата на шампионите.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img