Thursday, May 13, 2021
HomeБалканХарадинај со нова закана: Ако не не пуштат во ОН и НАТО...

Харадинај со нова закана: Ако не не пуштат во ОН и НАТО ќе влеземе во Голема Албанија

Претседателот на АБК, Рамуш Харадинај се закани дека доколку на Косово нема да им биде дозволен пристап во ООН и НАТО, тогаш мора да се обедини со Албанија, пренесува Репортери.
Тој посочи дека Албанија е членка на НАТО Алијансата и дека Косово требаше да биде членка на западниот воен сојуз.

– Албанците никогаш не биле поблиску до безбедносна организација како што е НАТО. Албанија е во НАТО и ние сме блиску до НАТО и Косово треба да биде и во НАТО. Ако Косово не смее да стане членка во ООН и НАТО, ние мора да се обединиме со Албанија – рече тој.

Најновата закана за обединување на Рамуш Харадинај со Албанија уште еднаш откри колку е длабоко непочитувањето на албанскиот политички врв во Приштина кон сограѓаните од српска националност, изјави помошникот директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, Игор Поповиќ.

– Закани од тој вид, кои секогаш межу редови носат навестување на насилство, беа испратени до Србија и Србите овој пат пред најголемиот христијански празник Велигден, кога сите христијани испраќаа пораки за мир и толеранција едни на други и на нивните соседи од други вери. Косово и Метохија е составен дел на Република Србија, како според нашиот Устав, така и според меѓународното право, и единствениот разумен начин да се решат сите несогласувања во врска со ова прашање е дијалогот – рече Поповиќ.

Тој истакна дека христијаните се дополнително толерантни и подготвени да простат во деновите на велигденските празници, но никој не смее да го злоупотребува тоа обраќајќи и се на Србија и на српскиот народ на дрзок и заканувачки начин.

– Во оваа прилика ги повикувам политичарите во Приштина да се откажат од заканите и да покажат елементарна одговорност кон сите жители на Косово и Метохија и регионот, со конечно надминување на воинствената реторика од крајот на минатиот век и да покажат дека освен што се способни постојано да прават проблеми, можат и тие проблеми да ги решаваат на мирољубив и цивилизиран начин, порача Поповиќ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img