Monday, June 21, 2021
HomeПопуларноСЗО ја одобри вакцината против КОВИД-19 на „Модерна“ за итна употреба

СЗО ја одобри вакцината против КОВИД-19 на „Модерна“ за итна употреба

Светската здравствена организација ја одобри вакцината против Ковид-19 на компанијата „Модерна“. Ова е петта вакцина одобрена од СЗО, а со оваа одлука се очекува да се забрза и одобрувањето на вакцината од страна на националните агенции задолжени за контрола на лекови. Вакцина веќе е одобрена за употреба во САД, Британија, Израел и Сингапур.

„Целта е да се направат лековите, вакцините и дијагностиката достапно што е можно побрзо“ – се наведува во соопштението на СЗО.

Од организацијата велат дека значајно е да се имаат на располагање поголем број одобрени вакцини против коронавирусот бидејќи на тој начин ќе се надминат доцнењата во испораките..Првите луѓе на СЗО велат дека во моментов се разгледува опцијата и дали да ги одобрат кинеските вакцини Синофарм и Синовак, а одлуката се очекува да биде донесена до крајот на следната недела.

Во меѓувреме, Индија, која е најголем производител на вакцини во светот, привремено го запре извозот поради големиот број на заболени во земјата.

Австралиските власти пак им забранија влез во земјата на своите жители доколку доаѓаат од Индија. Сите кои ќе ја прекршат забраната, ќе се соочат со затворска казна од 5 години како и парична казна во висина од 40.000 евра.

„Ова е драстична мерка но има за цел да ги жаштити жителите на австралија. Мерката е привремена, донсесена е врз основа на медицински извештаи и повторно ќе се разгледа за две недели“ – вели Џош Фриденберг – член на австралискиот парламент.

Ситуацијата во Индија станува критична откако државата пријави повеќе од 400.000 нови случаи на Ковид 19. Во последните 24 часа евидентирани се 3.523 смртни случаи, но се верува дека бројот е далеку поголем бидејќи многу починати не се пријавени. Земјата се соочува со сериозен недостиг на медицински кислород и болнички кревети.

А по повеќе од една година, три илјади луѓе синоќа беа дел од голема забава во Ливерпул. Станува збор за нов проект, со кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација кога сите присутни на забавата пристигнале со најнов негативен ПЦР тест. Тестот бил доволен за влез на забавата, а не биле потребни маски и одржување дистанца.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img