Thursday, May 13, 2021
HomeАвстралија(ВИДЕО) Панахида на Гоце Делчев - Мелбурн 2021

(ВИДЕО) Панахида на Гоце Делчев – Мелбурн 2021

На денешен ден пред точно 118 години загинал познатионт Македонски револуционер и учител Гоце Делчев.

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Делчев загинал на 4 мај 1903 година во селото Баница каде што тој пристигнал ден пред тоа за закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ.

Како секоја година, па така и оваа, Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија одджа Панахида во чест на Гоце Делчев пред споменикот на Гоце Делчев во Епинг, Мелбурн.

Архимандритот Гаврил Галев и Отец Климент Станковски одржаа утринска богослужба по повод втор ден Велигден, по што следеше говор на заменик секретар на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија, Дејан Змејкоски за животот и делата на Македонскиот херој Гоце Делчев. После говорот беа положени венци пред споменикот на Гоце Делчев од страна на делегати на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија, Македонско Социјално Друштво Скопје и од Македонската Пензионерска Група при Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија.

Погледнете го видеото од настанот:

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img