Wednesday, June 23, 2021
HomeПопуларноТрамп си направи „мал Твитер“, за да може да пишува сѐ што...

Трамп си направи „мал Твитер“, за да може да пишува сѐ што ќе му падне на памет

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера на својата веб-страница објави додаток сличен на Твитер на кој пишува објави што потоа можат да се споделат на социјалните мрежи што го цензурираат.

Новиот дел од официјалната страница се вика Од бирото на Доналд Трамп и содржи кратки соопштенија од поранешниот претседател.

Веста на страницата беше објавена ден пред одлуката на надзорниот одбор на Фејсбук за тоа дали Трамп и понатаму ќе биде суспендиран од таа социјална мрежа, пишува агенцијата Ројтерс.

Советникот за Трамп Џејсон Милер во март објави дека поранешниот претседател ќе покрене своја социјална мрежа, а не е познато дали мислел на овој додаток на својата официјална веб-страница.

Страницата на Трамп на Фејсбук беше отстранета поради загриженост од нови насилства по смртоносниот упад на неговите приврзаници во Капитол на 6 јануари.

Твитер објави дека забраната за профилот на Трамп е трајна, дури и ако тој повторно се кандидира на избори. Јутјуб, од друга страна, објави дека ќе го врати каналот Трамп кога ќе одлучи дека опасноста од насилство поминала.

Поранешниот претседател, кој ја напушти Белата куќа на 20 јануари, лажно тврдеше дека на изборите минатата година од Џо Бајден загубил поради измама.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img