Wednesday, June 23, 2021
HomeБалканВучиќ најави парични награди за вакцинираните против ковид

Вучиќ најави парични награди за вакцинираните против ковид

Сите граѓани на Србија кои досега се вакцинирани против ковид или ќе ја примат барем едната доза против ковид-19 до 31 мај, ќе добијат од државата дополнителни 3 000 динари.

Ова го најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ и според него ќе биде еден вид на благодарност за луѓето кои покажале одговорност.

„Ова можеби ќе биде мотив и за оние кои сè уште не се одлучиле дали да се вакцинираат. Но, бидејќи немаме начин како да воведеме мерки за оние кои одбиваат да се вакцинираат, редно е да ги наградиме тие кои покажаат одговорност и свесност“, рече Вучиќ.

Најавената парична мерка се однесува и на пензионерите кои ќе одлучат да се вакцинираат во текот на месец мај. Вучиќ во гостување на утринската емисија на ТВ Пинк рече дека вакцинацијата игра важна улога во подобрувањето на економијата.

„Со вакцинираните ќе можеме повторно нормално да работиме и да ја зајакнеме дополнително нашата економија“, додаде Вучиќ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img