Wednesday, June 23, 2021
HomeСпортГвардиола ќе се врати во Барса, ама никогаш нема да ја води...

Гвардиола ќе се врати во Барса, ама никогаш нема да ја води Шпанија

Можеби најдобриот тим на сите времиња е оној на Барселона од периодот меѓу 2008 и 2012 година што го водеше Пеп Гвардиола.

За четири сезони, каталонскиот стручњак освои 14 трофеи, вклучувајќи три во Ла Лига и два во Лигата на шампионите, единствен е во историјата на клубот со шест во една календарска година, а му се восхитуваат и поради тоа што имаше храброст да се откаже од ѕвезди како Роналдињо, Деко, Жули итн. за да му даде доверба на 21-годишниот Лионел Меси. Поради тоа, сите навивачи на Барселона сонуваат да го видат Гвардиола повторно на клупата на Барса. Дека тоа е можно, потврди неговиот татко Валенти.

„Не можам да ја отфрлам можноста Пеп да се врати во Барселона како тренер или личност која ќе помага со совети. Но, тој никогаш нема да ја води шпанската репрезентација“, изјави Валенти.

Во моментов сите планови на Пеп Гвардиола се врзани за Манчестер Сити со кого на 29 мај ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, против Челси.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img