Wednesday, June 23, 2021
HomeАвстралијаУникатна промоција на две нови книги од две сродни души

Уникатна промоција на две нови книги од две сродни души

Настан кој може вистински да ви го промени животот!

Во четврток, на 20 мај, 2021 година во организација на македонското литературно друштво Кочо Рацин од Мелбурн и организацијата за личен развој „AnotherWay – Life Education, со почеток во 18.30 часот, во Mill Park Library (394 Plenty Road, Mill Park, VIC), ќе се одржи уникатна промоција на две нови книги од две сродни души – брачната двојка Попорданоски. Поточно, ќе се промовира најновата мотивациска книга  за личен развој „Да се живее поинаку – Патување кон самореализацијата“ од авторката  Д-р Снежана Џамбазова –Попорданоска, како и на уникатната збирка на љубовна поезија „Во прегратките на љубовта“ од Д-р Емил Попорданоски.

Книгата „Да се живее поинаку – Патување кон самореализацијата“ претставува неопходен водич кон стекнување на духовна мудрост, себеспознание и автентична среќа. Во суштина, оваа книга ја обработува човековата свест на еден разбирлив и уникатен начин, објаснувајќи ја врската помеѓу нивото на индивидуалната свест и нивото на човековата среќа. Поточно, книгата детално ги истражува сите нивоа на човековата свест, започнувајќи од најниското ниво на свест–нивото на срам, до највисокото можно ниво на свест–а тоа е нивото на просветлувањето. Исто така, на еден автентичен и интересен начин книгата ги илустрира пречките за постигнување на повисоко ниво на свест и нуди научни стратегии како да се надминат тие пречки за да се стигне до изворот на вистинска среќа. Освен тоа, книгата „Да се живее поинаку-патување кон самореализацијата“ содржи практични научно базирани техники како да се употреби моќта на човековиот ум за целосно да се излекуваат болестите на физичкото тело. Книгата завршува со практичен прашалник кој ќе му овозможи на читателот да ја открие смислата на својот живот, да постигне самореализација и да го достигне највисокото издание од себеси.

Др Снежана Џамбазова –Попорданоска е доктор на медицина и доктор на науки по психологија. Таа е светски позната мотивациска говорничка и психолошка советничка која спроведува терапевтски сесии на луѓе од различни делови на светот, како што се Австралија, Азија, Европа и Латинска Америка. Др Снежана им помогнала на илјадници луѓе од преку сто земји во светот да ги надминат своите проблеми со менталното здравје, да го најдат мирот во себе и да го подигнат своето ниво на свест.

Др Попорданоска е исто така основач на организацијата „AnotherWay – Life Education” која е едукативна и хуманитарна невладина организација за личен развој лоцирана во Мелбурн. Визијата на оваа организација е да ги разбуди човечките вредности меѓу луѓето, да ја зголеми колективната свест и да донесе позитивни промени во светот. За повеќе информации посетете ја веб страната: www.anotherwayeducation.org

Стихозбирката „Во прегратките на љубовта“  е првата објавена книга на Д-р Попорданоски. Таа содржи триесетина песни напишани во различни временски периоди и континенти, инспирирани од неговата љубов на животот – сопругата Снежана. Исто така, книгата како бонус содржи и две првонаградени песни на поетски конкурси во Австралија. Книгата е збогатена со прекрасни илустрации кои ја прават и визуелно атрактивна.

Д-р Емил Попорданоски е лекар и специјалист по општа медицина по потекло од Прилеп, а живее и работи во Мелбурн. Воедно тој е и главен консултант во организацијата за личен развој „Another Way“, чиј основач е неговата сопруга, Др Снежана Џамбазова –Попорданоска. Др Попорданоски има посебен интерес кон холистичката медицина, промовирајќи дека со создавање на хармонија помеѓу физичкиот, менталниот и спиритуалниот аспект од животот, можеме да постигнеме долговечност и среќа. Промоцијата ќе ја води претседателката на македонското литературно друштво „ Кочо Рацин“, Гордана Димоска, а ќе учествуват Дона Димовски -Кантаровски и Дијана Пупалевска – Мицалевска. Исто така, на сите присутни лично ќе им се обратат и авторите Д-р Снежана и Д-р Емил Попорданоски.

May be an image of 2 people, book and text that says "д-р p емил попорданоски попорданоски др снежанацамбазова-попорданоска да ce живее поинаку книга вшора пашуване кон самореализациайа Bo на"

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img