Wednesday, June 23, 2021
HomeСпортПирло по новата катастрофа на Јуве експресно одговори на прашањето за отказ

Пирло по новата катастрофа на Јуве експресно одговори на прашањето за отказ

Јувентус синоќа беше поразен од Милан со 3: 0 во Торино во големото дерби од 35. коло на италијанската Серија А.

Тимот предводен од Андреа Пирло одигран уште еден катастрофален меч. Бјанконерите скоро и да не погледнаа кон голот на Росонери, кои заслужено славеа на крајот.

Пирло ја прифати одговорноста за поразот по натпреварот, но призна дека верувал дека неговиот тим ќе одигра многу подобар натпревар.

„Тимот изгледаше добро во текот на неделата. Имавме вистински пристап и бевме сконцентрирани. Бевме убедени дека ќе одиграме одличен натпревар”, изјави Пирло по тешкиот пораз од Милан.

“Оставка? Не, нема да дадам оставка. Дојдов тука со голем ентузијазам и покрај многу тешкотии. Јас сум на располагање на клубот. Имаме уште три натпревари и ќе останам овде колку што можам”, рече Пирло.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img