Wednesday, June 23, 2021
HomeМакедонијаЏамбаски ја искоментира средбата на Заев и Урсула фон дер Лајен

Џамбаски ја искоментира средбата на Заев и Урсула фон дер Лајен

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ја искоментира средбата на премиерот Зоран Заев со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Брисел и она што Заев таму го кажал.

Тој вели дека ја информирал Урсула фон дер Лајен за она што се случува во Македонија, додека простот се вперува кон Бугарија.

„Вистината е дека неколку месеци по прекинот на нашиот дел од преговорите со Република Македонија не решивме ниту едно прашање, не постигнавме договор за ниту еден проблем. Практично не преговараме затоа што колегите од РСМ се позафатени да кажат за што не сакаат да преговараат“, пишува на Фејсбук, Џамбаски.

Нагласува дека добрососедските односи се клучни за оние земји кои сакаат да бидат дел од ЕУ. Се споменува и раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.

„Ги охрабруваме Бугарија и Република Македонија да ги решат отворените прашања за да можат да започнат преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ“, изјави Урсула фон дер Лајен.

Според ЕК, Албанија и Република Македонија ги исполнуваат условите за започнување преговори.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img