Wednesday, June 23, 2021
HomeСпортЖивотната драма на Алекс Фергусон: Кога го загубив гласот…

Животната драма на Алекс Фергусон: Кога го загубив гласот…

Поминаа нешто повеќе од три години откако Алекс Фергусон доживеа мозочен удар, за тоа досега ретко зборуваше, но одлучи да се потсети на животната драма ни која поминуваше на 76-годишна возраст.

Иако се сеќава на многу работи од својот живот, не се сеќава на 5 мај 2018 година кога го доживеа ударот, а докторите му даваа само 20% шанси дека ќе преживее. Најстрашно од се му било тоа што го загубил гласот.

„Тоа беше голема грижа за мене, по операцијата го загубив гласот. Знаев дека сум жив, но во себе си зборував дали докторите ми ја кажуваат вистината. Се надевав дека мојата меморија не е оштетена, дека не сум заборавил се. Логопед доаѓаше секој ден и беше феноменален. Бараше да ги напишам имињата на сите членови на моето семејство и моите фудбалери, потоа почна со животните, рибите, птиците за да види дали можам да се сетам на нив Со текот на времето ми се врати гласот, но најважно е што меморијата ми е добра“, вели Фергусон кој тврди дека многу тешко му паднало тоа што девет месеци не смеел да се напие вино.

И покрај тоа што веќе осум години не е во фудбалот, шкотскиот стручњак и натаму е убедливо најтрофеен стручњак во Премиер лигата со 13 титули. Следните зад него (Мурињо и Гвардиола) имаат по три.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img