Wednesday, June 23, 2021
HomeПопуларноИзраел го бомбардираше домот на највисокиот оперативец на Хамас

Израел го бомбардираше домот на највисокиот оперативец на Хамас

Израелските одбранбени сили соопштија го бомбардирале домот на највисокиот оперативец на Хамас, Салах Дахман, кој, како што велат, ја користел таа куќа за да складира оружје за организацијата.

Армијата објави снимка од нападот, на која се гледа како ракета паѓа врз зграда во густо населена населба, што предизвика голема експлозија, пренесува „Тајмс оф Израел“, наведувајќи дека причината за експлозијата најверојатно била муниција што се наоѓала внатре.

Жителите на областа долж границата со Појасот Газа добија наредба да одат во засолништа и заштитените области по нападот.

Во последните денови ескалираше палестинско-израелскиот конфликт. Има интензивна размена на ракетни напади меѓу Израел и палестинските радикали од Појасот Газа. Тензиите се зголемија откако немирите во џамијата Ал-Акса во источен Ерусалим започнаа на почетокот на мај, при што беа повредени повеќе од 700 лица.

Судирите меѓу Палестинците и безбедносните сили беа предизвикани од одлуката на израелскиот суд да одземе куќи во Шеик Џара од арапските семејства кои живеат таму повеќе од половина век во корист на еврејските доселеници со образложение дека куќите им припаѓале пред 1948 година.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img