Австралиската морнарица на Твитер соопштила дека бродот пристигнал во Сан Диего во саботата откако ги тестирал своите борбени системи крај брегот на Калифорнија.

“Инциденти како овој се ретки. Китовите на долги растојанија можат да ги слушнат бродовите и генерално ги избегнуваат. Тие можат да бидат збунети во плитките води со нискофреквентен сонар, но австралиски брод е опремен со високофреквентен сонар”, рече Карл Шустер поранешен капетан на американската морнарица.

NOAA Fisheries наведува дека судир на кит со брод може да се случи додека овие животни се хранат и мигрираат покрај крајбрежните води.