Wednesday, June 23, 2021
HomeТехнологијаМајкрософт потврди – во 2022 година се укинува пребарувачот „Internet Explorer“

Мајкрософт потврди – во 2022 година се укинува пребарувачот „Internet Explorer“

Американскиот софтверски гигант „Microsoft” најави дека ќе го „убие“ својот најомразен производ. Се работи за „Internet explorer”.

Од „Microsoft” велат дека на 15 јуни 2022 година ќе го затворат „Internet explorer” и ќе се фокусираат на Edge за истиот да се обиде да и парира на водечката позиција на Google Chrome.

„Internet explorer” е лансиран во 1995 година и доминира на пазарот на пребарувачи повеќе од 10 години, спакуван во „Виндоус”, што клиентите често го инсталираат на новите компјутери.

Пред две децении, „Microsoft” беше обвинет поради тој пакет, а американски судија пресуди дека компанијата ги прекршила правилата за конкуренција.

„Microsoft” ја обжали пресудата, но повисокиот суд ја потврди, а компанијата продолжи да го инсталира „Internet explorer” во „Windows”.

Кон крајот на 2000-те, позицијата на „Internet explorer” беше загрозена од „Гугл хром”, а пребарувачот на „Microsoft” стана предмет на безброј мемови кои ја исмеваа неговата бавност во споредба со конкуренцијата. За да одговори на конкуренцијата, „Microsoft” го претстави пребарувачот „Edge” во 2015 година, што ја користи истата технологија како „Google Chrome”.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img