Wednesday, June 23, 2021
HomeБалканСредба на Вучиќ и Радев - Србија има пријателски односи со Бугарија

Средба на Вучиќ и Радев – Србија има пријателски односи со Бугарија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Димитровград се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев. Двајцата претседатели присуствуваа на откривање на споменик на Свети Кирил и Методиј.

Димитровград се наоѓа во близина на границата со Бугарија, а Вучиќ изјави дека дека бугарското малцинство во Србија треба да биде „мост на пријателството меѓу Србија и Бугарија“.

„Им реков на претседателот Радев и на Бугарите кои живеат во Србија дека секогаш можат да сметаат, не само на пријателски однос, туку и на целосно отворени раце кон односот на државата Србија кон нив, бидејќи не гледаме никакви проблеми што би не разделиле. Напротив, сметаме дека припадниците на бугарското малцинство во Србија треба да бидат мост на пријателството меѓу Србија и Бугарија“, изјави Вучиќ по средбата со Радев, пренесува Бета.

Вучиќ додаде дека билатералните односи меѓу двете земји се навистина добри, а дека Србија има искрено пријателски односи со Бугарија и бугарскиот народ.

„Србија и Бугарија имаат добра трговска размена што може и мора да биде уште поголема. Имавме проблеми поради пандемијата во 2020 година, но работите се подобруваат во првиот квартал од оваа година”, рече Вучиќ наведувајќи дека двете земји имаат многу важни проекти на кои работат.

Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата изјави дека двата народа имаат духовна и историска блискост, заедничка историја, но и заедничка иднина.

Тој порача дека „споменикот покажува како двата народи со почитување се однесуваат кон разликите и како на разумен начин се решава она што ги оддалечувало и да можат и на другите држави во регионот да им покажат како се гради пријателство и како се почитуваат историски корени“., рече Радев, пренесува МИА.

Радев изјави дека се блиски со Србија не само географски, туку и духовно.

„Токму Кирил и Методиј ја покажаа оваа блискост низ вековите бидејќи пишуваме на истата азбука, со што малку луѓе можат да се пофалат“, рече Радев.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img