Wednesday, June 23, 2021
HomeТехнологијаКинескиот ровер ги испрати првите снимки од Црвената планета

Кинескиот ровер ги испрати првите снимки од Црвената планета

Кинескиот истражувачки ровер на далечинско управување вчера се спушти од својот лендер на Марс и тргна во истражување на површината на Црвената планета, соопшти кинеската вселенска агенција.

Роверот наречен Џуронг, по митскиот кинески бог на огнот, се спуштил да вози на Марс во 10:40 часот по локално време на Пекинг.

Со ова, Кина стана втората нација по САД да постави возило на оваа планета. Поранешниот Советски сојуз исто така спушти истражувачко возило на Марс во 1971 година, но ја изгуби комуникацијата со него по неколку секунди.

Кинескиот Џуронг тежи 240 килограми, има вградено шест научни инструменти, вклучувајќи и камера за топографија со висока резолуција, па ќе ги проучува површинските почви и атмосферата на планетата.

Од мисијата се очекува во текот на 90 дена да истражи дали постојат докази за живот на Марс.

Кина има амбициозни вселенски планови, вклучувајќи го лансирањето на орбиталната станица со екипаж и спуштање човек на Месечината. Таа во 2019 година стана првата земја која спуштила вселенско летало на малку истражената страна на Месечината, а во декември врати камења од Месечината на Земјата за прв пат од седумдесеттите години на минатиот век

Во моментов на Марс мисија има и американската вселенска агенција НАСА – нејзиниот ровер Персевиренс и мал хеликоптер ја истражуваат таа планета.

НАСА очекува нивниот ровер да ги собере првите примероци во јули и да се врати на Земјата за десет години.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img