Tuesday, January 25, 2022
HomeСпортКаква најава за трансфер: Погба не е среќен во Јунајтед

Каква најава за трансфер: Погба не е среќен во Јунајтед

Францускиот селектор Дидие Дешамп ги искоментира проблемите со кои се соочува Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Плејмејкерот никако не може да влезе во посакуваната форма, а на двата меча минатата недела дури не беше стартер во својот тим.

„Пол е во ситуација во која никако не може да биде среќен – ни поради минутажата што ја добива, ни поради позицијата на која го користи Солскјер. Очигледно е дека не се наоѓа во најдобриот период во кариерата, имаше и неколку повреди, а и корона вирусот му направи проблеми“, изјави Дешамп.

Во француската репрезентација Погба се чувствува сосема поинаку. Во следните седум дена го очекуваат три натпревари за националниот тим: пријателски против Финска в реда и во рамките на Лигата на нации против Португалија на 14 и Шведска на 17 ноември. Многумина изјавата на Дешамп ја протолкуваа како најава за трансфер на Погба, можеби веќе на крајот од оваа сезона.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img