Wednesday, June 23, 2021
HomeАвстралијаАвстралиски научници во прашума на Нова Гвинеа открија нов вид „чоколадна жаба“

Австралиски научници во прашума на Нова Гвинеа открија нов вид „чоколадна жаба“

Тим австралиски научници во низинскиот дел на прашума во Нова Гвинеа откриле љубопитна „чоколадна жаба“, а станува збор за вид кој, за разлика од оној што ги претпочита копнените живеалишта, живее на дрвјата и е познат по зелената боја на кожата, но овој поради специфичната кафена боја го нарекле „чоколадна“.

„Најсличниот познат роднина на овој вид жаба (Litoria mira) е австралиската зелена жаба. Двата вида изгледаат многу слично, но едната е зелена а новооткриениот вид има чоколадна боја“, вели Пол Оливер од Центарот за глобално здравје и безбедност на храната, коавтор на студијата објавена во стучното списание Australian Journal of Zoology.

Австралија и Нова Гвинеа во текот на подолгиот период на доцниот терциер, пред 2,6 милиони години биле копнено поврзани. Но сега во Нова Гвиена доминираат прашумите, додека на северот на Австралија главно преовладува саваната.

Зелените жаби (Litoria caerulea) кои живеат на стеблата, може да се најдат ширум северна и источна Австралија и Нова Гвинеа.

Според пишувањето на Australian Journal of Zoology, „чоколадната жаба“ или Litoria mira е откриена уште во 2016 година исе претпоставува дека живее на целото подрачје на Нова Гвинеја.

Стив Ричардс од Јужниот австралиски музеј (South Australian Museum), укажа дека на научниците истражувањето на овој вид водоземец им го отежнува тоа што живее во многу топли, мочварни области во коишто живеат и крокодили.

„Новиот вид жаба ја нарековме Litoria mira, што на латински значи изненадувачки или чудно. Таков назив ѝ дадовме бидејќи нѐ изненади откритеието на водоземец сличен на австралиските жаби кои живеат на дрвјата, но се со сосема поинаква боја отколку што сме навикнати“, појаснува Оливер.

Истакнува дека сфаќањето на биотичката размена меѓу Нова Гвинеа и северна Австралија е присудно за целосно да се разбере на кој начин се ширела и менувала површината на прашумите и саваните.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img